Металната индустрија од Македонија пред најголемиот предизвик во поновата историја
Металната индустрија во земјава се соочува со еден од најголемите предизвици во поновата историја. Новите правила на Европската унија кои треба да стапат на сила од следната година а се за намалување на квотите за увоз на челик во земјите членки може да предизвикаат огроми загуби кај компаниите од оваа индустрија во Македонија. Токму компаниите кои се дел од металната индустрија во земјава се тие кои се главните извозници во Европската унија. Податоците велат дека дури 70 проценти од челикот произведен во Макстил завршува во унијата. Металната индустрија побара од властите да преговараат со официјален Брисел за одобрување на специфична квота за нашата држава. Барањето на бизнисот е ЕУ да ни овозможи извоз од 70’000 тони квартално. Тоа би било доволно за да можат да продолжат непречено да работат.
Марија Дуковска Павловска: „Тоа што е загрижувачко за следната година тоа се најавите за преполовување на тековните квоти за увоз на челик во европската унија и кога ќе се надминат овие квоти – дуплирање на царинската стапка. Ова е многу сериозна тема, и доколку ова не биде решено на политички начин, односно на ниво на држава да се успее да се преговара, барем да имаме квота за самата држава, тоа би било многу позитивно за нас. Се друго, што и да разговараме нема смисла, бидејќи тоа ќе ни го уништи нашето производство.“
Во случај владата да не успее да договори специјална квота за Македонија, количините кои ги обезбедувале македонските компании ќе ги преземат фабриките за челик од Европа. Од владата ни потврдија дека се во комуникација со евроските институции. Сите надлежни институции во земјава велат дека се веќе запознаени со состојбата и активно работат на изнаоѓање соодветно решение во полза на државава. Уверуваат дека прашањето е отворено и е на највисоко ниво во рамки на официјалните контакти со Европската Унија.
ВЛАДА: „ Република Северна Македонија е земја кандидат за членство во Европската Унија, со ратификуван Договор за стабилизација и асоцијација и со целосно усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ. Од таа гледна точка, сметаме дека земјата заслужува исклучок од најавените правила, односно да продолжи да важи постојниот режим на квоти.“
Металната индустрија во земјава вработува неколку илјади лица од земјава. Само во Макстил се ангажирани речиси 1000 лица, која индирекно придонесува за уште три до четири илчјади други работни места. Според пресметките оваа компанија учествува со два отсто во Бруто домашниот производ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Металната индустрија од Македонија пред најголемиот предизвик…
Металната индустрија во земјава се соочува со…
Трамп: САД нема да брзаат со признавањето…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
Кавга во коалицијата: Градоначалникот на Бутел го…
ДУИ И ВЛЕН БУТЕЛ, ГЛАСАА ПРОТИВ ПРОДОЛЖУВАЊЕ…
Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ за еден ден го продаде…
ВМРО-ДПМНЕ за еден ден го продадоа Никола…
Почина проф. д-р Кирил Темков
На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина…