Телма дознава: Мерки за претпазливост наместо домашен притвор барале инспекторите Паунов и Димитриев осомничени за соработка со газдата на „Пулс“

t

Мерки за претпазливост наместо домашен притвор барале и добиле од кочанскиот суд инспекторите осомничени дека соработувале со газдата на дискотеката Пулс. Сепак ваквата одлука на судот не е конечна, бидејќи Апелациониот суд во Штип се уште не одлучил по жалбата. Се жалело обвинителството па се чека конечната одлука.

Двајцата осомничени инспектори од УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев барале да им се укине првичната мерка домашен притвор која им ја одреди кочанскиот суд. Истиот деновиве одлучил по нивното барање дека сепак треба да се бранат со мерки на претпазливост дознава Телма.

Ова го потврдија и од обвинителството и адвокатот на Паунов.

Точно е дека Основниот суд Кочани одлучувал по барањето за притвор и донел одлука за мерки на претпазливост. Сепак одлуката се уште не е правосилна бидејќи има жалбена постапка пред повисокиот суд– Спиро Борисов – претседател на Основен суд Кочани.
Двајцата инспектори се осомничени дека земале поткуп и му дојавувале на синот на газдата на „Пулс“ каде се случи трагичниот пожар, кога ќе има ненајавени контроли во диското.

Паунов е брат на претседателката на скопскиот кривичен суд Даниела Димовска каде во моментов се одвива судењето за трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе а повеќе од 220 беа повредени.

Сепак осомничените се уште се наоѓаат во куќен притвор бидејќи обвинителството се жалело на одлуката на првостепениот кочански суд па се чека деновиве штипскиот апелационен суд да пресече.

Мерките кои ги одредил судот во Кочани се тие да не ги напуштаат градовите во кои живеат, да се јавуваат во судот, а ќе треба да им бидат одземени и пасошите.

Според адвокатот на Паунов одлуката на судот е донесена поради тоа што приложиле медицинска документација.

Кај осомничениот во меѓувреме се појавиле кардиолошки здравствени проблеми, па судот ја ценел ваквата околност. Според информациите на Телма и другиот осомничен инспектор имал здравствена документација како доказ за укинување на мерката притвор.

Одлуката судот ја донел изминатава недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма дознава: Мерки за претпазливост наместо домашен…

Мерки за претпазливост наместо домашен притвор барале…

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави…

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави…

Металната индустрија од Македонија пред најголемиот предизвик…

Металната индустрија во земјава се соочува со…

Трамп: САД нема да брзаат со признавањето…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Кавга во коалицијата: Градоначалникот на Бутел го…

ДУИ И ВЛЕН БУТЕЛ, ГЛАСАА ПРОТИВ ПРОДОЛЖУВАЊЕ…