Српските студенти собираат потписи за вонредни парламентарни избори на 100 локации низ државата

t

На штандови на повеќе од 100 локации низ цела Србија студентите организираат потпишување петиција со барање вонредни парламентарни избори.

Станува збор за акција под слоганот „Распиши победа“, а собирањето потписи започна во 9 часот утрово.

Студентите во блокадата претходно најавија дека 28 декември ќе биде денот кога „цела Србија ќе прогласи победа“, а  за Нова.рс објаснија дека на тој ден нема да има протести како порано, туку вмрежување со граѓаните преку штандови во бројни градови во Србија.

Самиот потпис на граѓаните нема правна вредност, но, како што наведуваат, целта е да се запознаат граѓаните кои ги поддржуваат, кои ќе ги остават своите контакти и ќе можат да добијат информации за нивните активности од студентите во секое време.

Не би ја нарекла акцијата на 28 декември протест. Тоа не е протест, туку вмрежување со граѓаните. Пред нас е нов период во кој сите треба да станеме поактивни и заедно да учествуваме во сите оние активности што ќе ни помогнат во нашата понатамошна борба, изјави студентка за Нова.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за…

„Претседателот Александар Вучиќ не спие. Спие само…

Вучиќ: Отвораме фабрики за дронови во Србија,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на…

Студентите во Србија најавуваат голема акција за…

Студентите кои учествуваат во блокадите низ цела…

Тргнати дел од шаторите во Чациленд во…

Дел од Пионирски парк, помеѓу Домот на…