Македонското радио одбележува 81 година од постоењето

t

Македонското радио денеска одбележува 81 година постоење. На овој ден – 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува својата мисија со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ, и потоа растеше од ден во ден. Во 50-тите и 60-тите години од минатиот век радиото стана центар на семејниот живот, единствен извор на информации, музика и култура.

Многу слушатели, потсетуваат од Македонското радио, се сеќаваат на легендарни гласови и емисии како што се вестите, 3 гонга и други емисии од едно време, како и радиодрамите кои освојуваа. Тоа беше време на автентични продукции.

-Радиото имаше клучна улога во негувањето на македонскиот јазик, музика и култура, со емисии посветени на тоа. Гласовите на радиоводителите беа препознатлив симбол, со личности кои останаа вечни во сеќавањата. Денес, после 81 година имаме дигитализација, разновидност на содржини, поголема слобода во креирањето на програмата. Иако конкуренцијата е голема, радиото успева да ја задржи својата уникатна блискост со слушателите. Македонското радио, радио Скопје е глас на граѓаните, чувар на јазикот и сведок на времето во кое живееме. Златните времиња не се само минато. Нивната традиција и влијание продолжуваат. Македонското радио, радио Скопје не е само медиум, туку и звучна меморија на една земја, велат од Македонското радио.

Нагласуваат дека радиото останува симбол на блискост, веродостојност и култура, со посебен фокус на македонскиот идентитет.

-Ова Македонско радио го создаваа и го создаваат новинари, уредници, тонци, музичари, хроничари на времето. Тоа се тие што веруваа и веруваат се уште дека јавниот сервис не е само професија туку мисија. 81 година подоцна, Македонското радио, радио Скопје во време на брзи медиумски промени останува медиум на доверба, непосреден, човечки и присутен. 81 година потоа Македонското радио, радио Скопје е традиција што зборува и глас што трае. Гласот на радиото носи топлина и блискост. Во секакви ситуации радиото е најбрз и најсигурен извор на информации. Ја потикнува имагинацијата – сликите се создаваат во умот. Во дигиталната ера радиото се прилагоди со онлајн стримови и мобилни апликации. Тоа е медиум што ја негува блискоста, веродостојноста и културната поврзаност. Иако светот се менува радиото останува глас што се слуша – симбол на континуитет и поврзаност со народот. 81 година потоа Македонското радио, радио Скопје сеуште зборува. Нека времето го бележи постоењето. Среќен роденден!!!, порачуваат од Македонското радио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Диригентката Елена Митревска ќе биде директорка на…

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари…

Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75-тиот…

Трпезата за забавата беше дело на готварскиот…

(Видео) Страшен пожар во атинско радио и…

Непознати лица во средата во раните утрински…

(Видео) „Добро утро, добар ден, денот да…

Инзвонредниот талент кој ја негува македонската традиционална…

Катица Јанева наполни 57 години во затворот…

На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева…