Украински дронови го запреа авионскиот сообраќај во Москва
Украина привремено го парализираше воздушниот сообраќај во руската престолнина со напади со беспилотни летала врз Москва, запирајќи стотици летови пред почетокот на празниците, објавија руските власти.
На аеродромите Шереметјево и Внуково, полетувањата и слетувањата не беа можни со часови, соопшти портпаролот на Администрацијата за воздухопловство.
Руската државна новинска агенција „Риа Новости“ објави дека повеќе од 300 летови морале да бидат откажани или одложени, а околу 70 авиони биле пренасочени кон алтернативни аеродроми.
Другите два московски аеродроми, Домодедово и Жуковски, не се соочиле со овој проблем.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објави за пресретнување на невообичаено голем број украински беспилотни летала, околу 30 од нив. Руското Министерство за одбрана пак објави дека биле соборени вкупно 273 беспилотни летала во земјата, без да даде информации за штетите.
Авиокомпаниите, исто така, ги информираа патниците за промените во распоредот на летови во Санкт Петербург и други градови.
Државната авиокомпанија „Аерофлот“ објави дека се очекува авионите што биле на алтернативни аеродроми да слетаат во Москва во текот на денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските медиуми со различни резултати од излезните…
Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…
Очигледно вечерва во СДС на смена е…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Песков: Путин и Трамп не разговарале за…
Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…