Грчка пратеничка го критикуваше однесувањето на градоначалникот на Лерин, кој прекина прослава поради македонска песна
Не смее да се дозволи мракот и национализмот да го потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница, рече Пети Перка, пратеничка во грчкиот парламент од изборната единица Флорина (Лерин).
Грчката пратеничка Теописти Пети Перка, во својот јавен настап во грчкиот парламент, го критикуваше градоначалникот на Лерин Василеос Гианакис за, како што оцени, постапката на цензура пред одржувањето на традиционалниот локален „Празник на огновите“ во Лерин (Флорина).
Пратеничката од партијата Нова Левица, Пети Перка посочи дека младата музилка група „Ендопика”, која требаше да настапи на плоштадот кај судниците, била спречена да ги изведува своите песни со текст, поради незадоволство на градоначалникот или притисоци од интересни кругови.
– Не смее да се дозволи мракот и национализмот да го потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница. Музичката традиција, локалните мотиви и дијалектите се живи елементи на историјата и културната разновидност, тоа не претставува закана – нагласи Перка, која претходно беше пратеничка на Сириза, но во 2003 година ја напушти партијата и учествуваше во основањето на Нова Левица.
Пратеничката Перка го повика градоначалникот и локалните функционери „да се помират со напредокот“ и да ги остават на страна цензурата и екстремистичките влијанија, потенцирајќи дека демократијата и културата ги прифаќаат музиката и јазикот, а не ги потиснуваат.
Градоначалникот на Лерин го прекина настапот на групата „Ендопика“ за време на прославата „Празник на Огновите“, наспроти Божиќ според Грегоријанскиот календар, откако музичарите почнаа да пејат песна на македонски јазик.
Познавачите на приликите во Грција посочуваат дека, и покрај ваквиот принципиелен настап на пратничката Перка, таа не го спомна македонското малцинство, ниту македонскиот јазик, туку зборува за „локален дијалект“. И таа, како и сите останати грчки политичари, не го прифаќа постоењето на македонска нација и македонски јазик во Грција, и покрај Преспанскиот договор од 2018 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…
Пожарот кај Студеничани се шири – Во…
Во изминатото деноноќие на територијата на државата…
Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…
Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…