Собранието го донесе Законот за Судски совет

t

Со 73 гласа „за“ и еден „воздржан“, Собранието на денешната седница го изгласа Законот за Судски совет.

Со законските измени, како што беше истакнато, се има за цел да се отстранат утврдените слабости во постојната правна рамка и да се обезбеди поефикасен, потранспарентен и поодговорен Судски совет.

Меѓу клучните новини што ги предвидува законот се јавност во постапката за разрешување на претседателот на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“, како и воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови, со цел зголемување на транспарентноста и одговорноста.

Дополнително, со законот се зајакнуваат критериумите за избор, одговорност и разрешување на членовите на Советот од редот на судиите, се прецизира постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на Судскиот совет.

Новина е и обврската Судскиот совет јасно да ги образложува и индивидуализира одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите, да се утврдат рокови за постапување во дисциплинските постапки, како и да се прецизираат основите и постапката за жалба против одлуките на Советот.

Законот е донесен во согласност со препораките на Европската унија, со цел унапредување на целокупната правна рамка и зајакнување на довербата во судскиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…

Собранието ја изгласа потребата за носењето на…

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа…