„Ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите плагијат магистарски и докторски трудови, најави Јанвеска

t

Министерката за образование Весна Јаневска, најави нов софтвер со кој ќе се откриваат препишани трудови, и најави т.н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите несоодветни трудови, затоа што на различни универзитети поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови.

„Кога некој на оглас пишува дека изработува магистарска за 300 евра, е работа на полиција и инспекција. Ги земаме добрите практики од таму каде што постојат. Тоа е првиот чекор. Вториот чекор е за кој треба малку време е магистерските и докторатите што ќе се работат да одат на оглас за студенти. Тоа го има на Универзитеотт во Антверпен и некои други. Но, кај нас вообичаено е менторите да ја нудат темата. Иако има студенти кои доаѓаат со одредени теми, не секогаш може да се изведат. о, добрите пракси и за иновации на големи познати универзитет велат дека Министерството, Фондот, оддел за наука, како и да се вика објавува огласи за тоа што и е потребно на земјата. Од областа на медицина на пример развивање на нов лек, во областа на технологиите развивање на некаков софтвер. Тие го објавуваат огласот, финанасираат, а студентите и професорите се јавуваат. Тоа би бил сериозен втор чекор откако ќе го направиме првиот, оти јас реално кажувам не може да се стигне сѐ, премногу фронтови отворивме“, изјави Јаневска.

Таа објасни дека платформата „плагијати.мк“ функционира, но и тоа мора да се подобри затоа што е стар софтверот.

„Дополнително воведуваме и вештачка интелигенција по што и тој процес ќе се олесни. Плагијати.мк си течат како посебно. Се зборува дека на разни универзитети и разни факултети минуваат магистарски и докторати кои се на пониско ниво, и ќе ги објавиме. Тогаш, академската заедница, ќе може да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има и такви. Кога се ќе биде јавно, ќе почнат и поинаку да се однесуваат, во тоа сум убедена“, вели Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ѕид на срамот“ на кој ќе се…

Министерката за образование Весна Јаневска, најави нов…

Започна полагањето на државната матура – Јаневска…

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по…

Падна потпорен ѕид во Велес – општината…

Поради паднат потпорен ѕид Општина Велес апелира…

Се огласија од детската клиника за паднатиот…

Од Детската клиника се огласија по повод…