Пробиен уште еден рок за изградба на автопатот Скопје – Блаце
Иако беше најавено дека работите на автопатот Скопјe-Блаце ќе започнат кон крајот на декември, тоа нема да се случи. Засега останува единствено информацијата дека аплицирале околу 11 локални и меѓународни компании и дека кругот е стесент на три од нив, но дефинитивен избор на изведувач уште нема.
Денес е 29 декември, работите не се започнати, не поради климатските услови, туку како што објасни кабинетот на заменик-министерката за транспорт,Калтрина Зеколи, причините за доцнењето се бирократските процедури на финансиската институција и периодот на празниците на крајот од годината.
„Како што е познато, овој проект е делумно финансиран со грант, а делумно со заем од оваа банка, додека доцнењето е резултат на бирократските процедури на финансиската институција и празничниот период на крајот од годината. Од наша институционална страна, сите процедури се завршени и моментално чекаме само конечно одобрение од банката. Веруваме дека многу брзо ќе се создадат услови за почеток на работите“, изјави Зеколи.
Инаку, само првите 2 километри од овој автопат се завршени, но дури ни тие не можат да се стават во употреба додека не се изградат преостанатите 10 километри. За изградба на автопатот се предвидени околу 240 милиони евра, или приближно 24 милиони евра за секој километар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пробиен уште еден рок за изградба на…
Иако беше најавено дека работите на автопатот…
(Видео) Кредит за „брза пруга“: На кого…
роцесот за избор на најдобра понуда за…
Љупчо Георгиевски: „Францускиот предлог“ е победа, а…
Поранешниот премиер, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и…
Трамп му се јави на Путин
Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател…
Првите фер избори на улиците на Србија:…
Студентите побараа вонредни избори во мај и…