Тамара, Каролина, Миле Кузмановски, Дина Јашари, Куку Леле… ќе пеат на плоштадот во Скопје за дочек на Новата 2026 година
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави кои изведувачи ќе пеат за дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
„Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски. Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска. Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак. Време е за заедништво и за радост. Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани. Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува. Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови“, напиша Георгиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тамара, Каролина, Миле Кузмановски, Дина Јашари, Куку…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави кои…
Му се заканиле со нож и му…
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Скопјанец предизвикал сообраќајна несреќа со друго возило,…
На 27.12.2025 во 21:15 часот во Скопје,…
Украдена бистата на Вера Јоциќ од парк…
На 26.12.2025 во 11:00 часот во СВР…