Кристина Цоковска: Човекот кој пијан со возило ме удри е прогласен за најдобар пожарникар во Скопје – не можам да поверувам

t

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги објави признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2025 година, по што следеше реакција од Кристина Цоковска.

Кристина во нејзината објава на социјалните мрежи обвини дека лицето кое било избрано за најдобар пожарникар е истиот човек кој на почетокот на 2025 година ја удрил со возило.

„Најдобриот пожарникар(Игор Станишев) прогласен од град Скопје е истиот човек кој што на 11.01.2025, предизвика сообраќајна несреќа во која ме удри со моторно возило, под дејство на алкохол. Не можам да си поверувам во каква држава живееме. Овој текст не е обид да се омаловажи неговата професија, ниту неговите професионални успеси, ако навистина постојат, туку е лична реакција и неверување дека човек кој што треба да спасува човечки животи, истовремено и ги загрозува.

Не разбирам дали вредностите што ги носат пожарникарите важат само од 9 до 5?

Дали храброста и пожртвуваноста се униформа што се соблекува после смена?

Бидејќи истиот овој човек свесно, под дејство на алкохол се качил во своето возило и со тоа предизвикал опасност во сообраќајот. Записникот од полиција покажа дека го управувал возилото со 2.1г/кг алкохол во крв и 1.3г/кг алкохол во урина. Ваквиот човек сега си добива признание и ќе биде величен од град Скопје и јавноста“, реагира таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…