Почнува зимскиот распуст за околу 250.000 деца низ државата
Со денешниот последен училиштен ден пред паузата, околу 250 илјади ученици од основните и средните училишта заминуваат на заслужен зимски распуст. Веќе од утре училниците замолкнуваат, а 20 јануари 2026 година е датумот кога учениците ќе се вратат на настава и ќе го започнат второто полугодие.
Во вториот дел од учебната година продолжуваат реформите во образованието – оптимизацијата на училишната мрежа и ширењето на едносменската настава, во која досега се вклучени околу 200 училишта.
Матурантите оваа година ќе полагаат државна матура по нов концепт, усогласен со видот на образованието што го посетуваат, а наставниците во март треба да добијат зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти.
Зимскиот распуст носи одмор за учениците – а образовниот систем веќе се подготвува за динамично продолжение од јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почнува зимскиот распуст за околу 250.000 деца…
Со денешниот последен училиштен ден пред паузата,…
60 проценти покачување на платите за наставниците…
Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат…
Власта го одби амандманот за квалитетен, топол,…
Пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп…
Скандал во основно училиште во Делчево: Наставничка…
До ЛО Левица - Делчево стигнаа шокантни…
Македонија ќе добие поддршка од Египет за…
Македонија ќе добие поддршка во напорите за…