Нема да има пензија пред Нова година, познато кога ќе се исплати првата во 2026 година

t

Македонските пензионери и оваа година нема да добијат пензии пред Нова година.

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.

Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјанта сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата на пензиите.

За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари (девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари) за вкупно 340.156 корисници на пензија. Поради тоа што 1-ви јануари е неработен ден (државен празник), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година.

Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи Фондот на ПИОМ веќе ги  достави до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана за вршење дејност за сопственик на…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Договорот за изградба на железнички тунел со…

Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна…

Коцевски: Поднесувам неотповиклива оставка – Постапката за…

Од почетокот тврдев дека евентуалнатга постапка за…

Македонија и формално влезе во преговори за…

Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна…

Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…