Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 10 километри
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ја заокружи годината на импресивен начин, остварувајќи нов национален рекорд на трката во Мадрид, Шпанија.
Ивановски во последниот ден од годината на неколку часа пред почетокот на 2026 година настапи на престижната Сан Силвестре Валекана, каде што на патека долга 10 километри забележа одличен настап.

Македонскиот репрезентативец ја истрча трката за 29 минути, со што го освои 17. место во силна меѓународна конкуренција, но уште поважно постави и нов државен рекорд на 10 километри на пат.
Овој резултат претставува уште една потврда за неговата одлична форма откако претходно оваа година триумираше на Скопскиот маратон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците со седум медали се враќаат од…
Во својата прва сезона на меѓународната завршница…
Двојна победа за Охрид против Војводина
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората…
Македонија во Таранто со 90 спортисти ќе…
Македонија оди со рекордна делегација на Медитеранските…
(Видео) Македонија го има еден од петте…
Цепелинот на нашите ракометари против Франција се…
Сребрен медал и два национални рекорда на…
Македонските репрезентативци освоија сребрен медал и поставија…