Министерот Алиу во традиционална новогодишна посета на првите новороденчиња во 2026 година
На Клиниката за гинекологија и акушерство првото новороденче во 2026 година е девојче, а во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, првите новороденчиња во 2026 година се близначиња – девојчиња.
По тој повод, министерот за здравство Азир Алиу денес ја реализираше традиционалната новогодишна посета во двете установи, придружуван од Фатмир Лимани – министер за социјална политика, демографија и млади, Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје, Јовица Андоновски – заменик министер за здравство и Рози Мицкоска – сопруга на претседателот на Владата. Во посетата на Специјалната болница „Мајка Тереза“ – Чаир, присуствуваше и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.
Министерот упати честитки до семејствата, посакувајќи им добро здравје, среќа и безгрижно детство на новороденчињата, а воедно им изрази благодарност и признание на здравствените работници за нивната посветеност, професионалност и грижа што ја пружаат секојдневно.
„Раѓањето на првото бебе во новата година е симбол на нов почеток, надеж и живот. Нашата обврска е да обезбедиме здравствен систем во кој секоја мајка и секое дете ќе добијат сигурна, квалитетна и достоинствена здравствена грижа“, истакна министерот Алиу.
Посетите се реализираа во духот на празнична атмосфера, со порака за континуирана грижа за мајките и новороденчињата и понатамошно унапредување на условите во јавното здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Алиу во традиционална новогодишна посета на…
На Клиниката за гинекологија и акушерство првото…
Од 500 до 1.000 евра даваат општините…
Воведувањето на еврото, исто така, ги „конвертира“…
Вонреден инспекција во Прилепската болница по смртта…
Вонреден инспекциски надвор во Прилепската болница поради…
Бројот на новороденчиња во Маврово Ростуше е…
Зголемен наталитет е забележан во општина Маврово…
Алармантно: Историски најнизок број на новороденчиња во…
Минатата година бројот на новороденчиња во Словенија…