Петарда му ја разнела раката на 12-годишник во Скопје, другар му ја фрлил запалена на главата
12-годишно момче доцна синоќа било донесено на Ургентен центар со тешки повреди откако петарда му ја разнела раката. Според информациите, другарот му ја фрлиле запалена петардата на главата и сакајќи да ја тгне му пукнала во раката.
„Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје. Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик“ соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
(Видео) Полицијата го најде и уапси малолетникот…
Во врска со видео објава споделена на…
Уапсен 16 годишник од Скопје: Со други…
Шеснаесетгодишник од Скопје е уапсен откако претходно,…
Жена тешко повредена во автобус на ЈСП
Жена од Скопје се здобила со тешки…
Тинејџер од Куманово објавил монтирани слики со…
Шестнаесетгодишник од Куманово бил приведен по пријава…