ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје изврши увид во Старата скопска чаршија каде ноќеска се случи тежок инцидент со смртни последици.
Според информациите од ОЈО, околу 01:00 часот по полноќ биле пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет. За жал, повредите биле фатални за едниот од нив кој починал малку подоцна, додека другиот е повреден.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека во инцидентот учествувала поголема група на граѓани и потврди дека оружјето употребено во нападот е нож.
„Во конкретниот кривично-правен настан, согласно информациите што ги добив, имаме едно лице коешто е починато и едно коешто е потешко повредено“, изјави Тошковски.
Тој откри дека истражните органи веќе имаат идентитет на едно осомничено лице, но тоа во моментов е недостапно за органите на прогонот. „Истражните органи имаат едно осомничено лице, кое во моментов е во бегство“, рече министерот, додавајќи дека не може да открие повеќе детали за да не ја наруши истрагата.
Од ОЈО Скопје соопштија дека се издадени итни наредби за обезбедување докази и дека МВР интензивно постапува за расчистување на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е кој во руската пропагандна мрежа…
Странска мрежа на медиуми регистрирани во Македонија…
Вангард“ предупредува за Франција: задолжувањето станува сè…
Инвестициската компанија „Вангард“ предупреди на влошување на…
Нов пресврт во случајот „Ферфорд“: Уапсен британско-ирански…
Британската антитерористичка полиција уапси 27-годишен маж со…
Деко останува во затвор?! Отпочната уште една…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
САД трупаат огромна воена сила околу Иран:…
Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување…