Дурмиши: Годината ја почнуваме со добри вести, почнува примената на законот за сезонска и привремена работа

t

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши преку објава на Фејсбук потсетува дека од денес стапува на сила законот со кој им се овозможува на студентите и пензионерите да бидат ангажарани за сезонска и привремена работа без притоа да ги изгубат бенефитите што им следуваат.

– Годината ја започнуваме со добри вести! Денес, 1 јануари, започнува примената на законот што ја става сезонската и привремената работа во јасна законска рамка, што значи помалку сива економија. Студентите и пензионерите сега можат да се ангажираат во сезонска и привремена работа без страв дека ќе ги изгубат правата или бенефициите што им следуваат, пишува во објавата.

Посочува дека мерката е знајачна бидејќи им овозможува на граѓаните да заработуваат со достоинство, им помага на бизнисите полесно да најдат работна сила, го формализира пазарот на труд и ја намалува сивата економија.

Од денес, потсетува Дурмиши, почнува примената и на Законот за финансиска поддршка на инвестициите којшто, како што стои во објавата, има за цел да ги стимулира квалитетните инвестиции, да поттикне отворање нови работни места и да ја зголеми конкурентноста на економијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…

(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…

Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…