Лишени од слобода возачи во Богданци, Охрид, Гостивар, Велес и во делчевско, возеле пијани, тројца предизвикале сообраќајни незгоди

t

На 02.01.2026 во 03:46 часот на обиколница Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода К.Ш.(29) од Гевгелија. Претходно, во 03:15 часот, тој со товарно возило „фолксваген крафтер“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда.  По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,5 промили алкохол во крвта.  

На 02.01.2026 во 04:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ц.(56) од Скопје. Претходно, во 03:50 часот на ул.„Партизанска“ во Охрид, тој со патничко возило, кое го управувал, удрил во паркирани возила „ауди“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со косовски национални ознаки. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта.  

На 01.01.2026 во 17:45 часот на наплатна рампа на автопатот Тетово-Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода И.А.(31) од с.Челопек, тетовско. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час. 

На 02.01.2026 во 00:08 часот на ул.„Илинденска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.К.(37). При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,91 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 01.01.2026 во 03:50 часот на регионален пат кај с.Тработивиште, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.К.(30) од с.Црник, пехчевско. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со пехчевски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „фолксваген пасат“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(35) од с.Умлена, пехчевско. По преземени мерки во врска со незгодата било констатирано дека В.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта. 
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американец кој невин поминал 48 години во…

Судија од Оклахома ослободи човек кој бил…

Добро утро со Инфомакс: Секогаш има Илиндени,…

Илинден е еден од најголемите македонски празници,…

Македонија малку подобра од Украина: Остануваме “делумно…

Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“…

Британија ја прославува слободата: Заштитните маски веќе…

Купувачите беа видени како ги фрлаат маските…