Мицкоски за еднократната помош за семејствата во Кочани: „Избегнувам јавно да зборувам бидејќи темата се злоупотребува од политички глодари“
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на отварање на нова градинка во Кочани изјави дека избегнува да говори јавно на темата околу евентуална еднократна парична помош за семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“.
Одговарајќи на едно од прашањата на „Здружението на граѓаните 16-ти март 2025“ до каде е постапката за институционална еднократка парична помош, Мицкоски порача дека одбегнува да зборува на таа тема.
-Секогаш избегнувам да зборувам јавно бидејќи гледам дека одредени политички структури и блиски до одредени политички глодари се обидуваат таа тема да ја злоупотребуваат и да добиваат политички поени на маката на ожалостените семејства. Се што имам да кажам, јас го кажувам на тие состаноци со родителите и Здружението. Се појавив на Анкетната комисија, иако знаете дека имаше многу шпекулации и има многу шпекулации во јавноста за еден од тие состаноци со родителите. Можам да кажам дека дел од работите што се кажуваат во јавноста не се вистинити, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. – одговори Премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…
„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…
Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…