Шпанија и пет земји од Латинска Америка го осудија нападот на САД врз Венецуела
Шпанија и пет латиноамерикански земји ја осудија воената операција на Соединетите Американски Држави (САД) за апсење на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, сметајќи ја за кршење на меѓународното право.
Државите Шпанија, Чиле, Колумбија, Бразил, Мексико и Уругвај изразија загриженост за регионалната стабилност.
„Изразуваме длабока загриженост за секаков обид за владина контрола, управување или надворешно присвојување на венецуелските природни или стратешки ресурси“,се вели во заедничкото соопштение на владите на Бразил, Чиле, Колумбија, Мексико, Шпанија и Уругвај.
Според нив, Вашингтон не го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Венецуела.
„Ситуацијата во Венецуела мора да се реши преку дијалог, без надворешно мешање и во согласност со волјата на венецуелскиот народ“,пишува во истото соопштеение.
Потписниците, исто така, изразија загриженост за какви било обиди за преземање контрола врз државните власти или клучните природни ресурси.
„Ова е опасен преседан во меѓународните односи“,посочија тие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…