Во Брекенриџ, Колорадо се вее нашето знаме – Македонец стана локален функционер
Македонско знаме се вее на зградата на локалната власт во градот Брекенриџ, седиштето на Округот Самит во американската сојузната држава Колорадо. Причината е свечена – човек со македонско потекло пред Нова година е избран за заменик-градоначалник на округот. Станува збор за Виктор Синадиноски, пишува „СДК.мк“
39-годишниот Синадиноски е роден во Мичиген и тој е син на истакнатиот активист на македонската заедница во САД, Душан Синадиноски, кој е автор на бројни научни трудови и книги поврзани со македонската историја и посебно со Тетово и Полог.
Ова не е прва висока јавна функција за Виктор Синадиноски. Претходно тој беше градоначалник на градот Харбор Спрингс во Мичиген.
Брекенриџ има само 5.000 жители, но тоа е исклучително познато туристичко гратче во цела Америка и важи за една од најскапите туристички дестинации во земјата.
„Во чест на ова именување, во Брекенриџ беше истакнато македонското знаме, што за мене претставува голема чест. Поради новата должност, со сопругата и двете деца се преселивме во Колорадо“, вели Синадиноски за „СДК.мк“.
Тој е доктор по правни науки, со завршени студии на Универзитетот во Мичиген и магистратура на Универзитетот во Вермонт. Синадиноски е и автор на повеќе книги посветени на македонската имиграција во Америка, дел од кои се наоѓаат во Библиотеката на Универзитетот Оксфорд и во Конгресната библиотека во Вашингтон, пишува порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Брекенриџ, Колорадо се вее нашето знаме…
Македонско знаме се вее на зградата на…
Кир Стармер ја поддржа Данска во отпорот…
Британскиот премиер Кир Стармер јавно ја поддржа…
Не патувајте за Грција вечерва: блокада на…
Повторно се комплицира вечерниот сообраќај кон Грција.…
Се приближуваме кон „врвот на изумирање на…
Таму каде што границата помеѓу врвовите на…
УЈП тврди: Нема двојно оданочување на приходите…
Нема двојно оданочување на приходите остварени во…