Објавено на:

Спречен обид за упад во куќата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

t

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека „луд човек“ се обидел да упадне во неговиот дом во Охајо, откако ги искршил прозорците на куќата.

Семејството на Венс не било присутно во куќата во моментот на нападот.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор од органите за спроведување на законот, претходно објави дека властите истражуваат инцидент во домот на потпретседателот, а едно лице е веќе приведено во врска со случајот.

„Колку што можам да проценам, луд човек се обидел да влезе со провала, кршејќи ги прозорците. Благодарен сум на Тајната служба и на полицијата во Синсинати за брзиот одговор“, напиша Венс во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Тој појасни дека во тој момент семејството веќе било вратено во Вашингтон и упати апел до медиумите да не објавуваат фотографии од неговиот дом на кои се гледаат оштетувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…

Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…

„25 години живеам благодарение на твојата лесна…

Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…