Бериша најави формирање широк фронт против „нарко режимот на Еди Рама“
Лидерот на опозициската Демократска партија (ДП), Сали Бериша, најави формирање „широк фронт против нарко режимот на Еди Рама“.
Тој додаде дека опозицијата в петок ги повикува на состанок сите политички сили и влијателни фактори во албанското општество за да се „создаде широк фронт против нарко режимот на Еди Рама и да се преземат сите движења, протести, демонстрации, бунтови потребни за негово отстранување“.
– Ова е голем повик за Албанците да се кренат на бунт за да му го дадат на својот нарко диктатор истиот срамен крај што го имаше нарко диктаторот на Венецуела, рече Бериша на средба со новинарите во седиштето на партијата.
Тој уште порача дека ДП инсистира и ќе инсистира на техничка влада за да се подготви фер изборен процес и оти нема да предложи ниту едно име без да се постигне договор за техничка влада.
– Откако ќе се постигне договор за техничка влада, без сомнение ДП ќе продолжи понатаму или ќе ги презентира своите предлози заедно со другите политички сили, рече тој.
Бериша нагласи дека опозицијата без сомнение ќе има уште посилни и помасовни антивладини протести, не само во Тирана, туку низ целата земја, не исклучувајќи и штрајкови со глад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…