Граѓани на нови седум држави треба да платат 15.000 долари депозит за да се аплицира за виза во САД
САД додадоа седум земји, од кои пет се од Африка, на списокот на држави чии граѓани мора да платат депозит до 15.000 долари за да аплицираат за американска виза, објави moneycontrol.
Со тоа на списокот има 13 земји, од кои 11 се од Африка, што го прави процесот на аплицирање за виза за САД премногу скап за многумина. Плаќањето на 15.000 долари не гарантира дека визата ќе биде одобрена, но парите ќе бидат вратени ако биде одбиена визата.
Стејт департментот минатата недела на списокот ги додаде Бутан, Боцвана, Централноафриканската Република, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Намибија и Туркменистан, а одлуката стапи во сила на 1 јануари.
Во октомври на списокот беа ставени Мавританија, Сао Томе и Принципе, Танзанија, Гамбија, Малави и Замбија.
Со депозит за виза САД се обидува да ги заостри условите за влез, а дополнително од граѓаните на сите земји што аплицираат за виза се бара да пополнат лични интервјуа и да достават докази за активност на социјалните медиуми, како и детален список на претходни патувања и престој за апликантите и нивните семејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…