СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Се надеваме дека наскоро ќе ви се суди според македонските закони, за да не мора да доаѓаат по вас како што дојдоа по Мадуро

t

СДСМ преку ново соопштение порача дека ги осудува „сите што се како венецуелскиот претседател Николас Мадуро и македонскиот премиер Христијан Мицкоски“. Од СДСМ се надеваат дека, како што велат, нема да се случи слична американска акција во Македонија како што се случи во Венецуела.

-Ние засега можеме само со зборови да осудиме, а се надеваме дека вам наскоро ќе ви се суди според законите на оваа држава, за да не мора да доаѓаат по вас, како што дојдоа по Мадуро.

Ве осудуваме за мигранти за пари и за предавство на Македонија. Ве осудуваме за 161 тендер за една компанија, за 9 милиони евра за друга, за 1,2 милиони евра тендери од Пошта. Ве осудуваме за Резолуцијата за забрана за говор по примерот на Хитлеровиот декрет. Сите 65 пратеници – потписници на тој Декрет за укинување на демократијата и слободата на говорот. Ве осудуваме за Алта банка и поврзаноста со Вучиќ.

Нашата помош ќе биде тоа што Антикорупцискиот тим на СДСМ работи 24/7, за кога судовите ќе бидат слободни и независни, врз основа на собраните докази, брзо да можат и да пресудат.

Така, по овие наши осуди со зборови, да ги дочекаме и вистинските пресуди, порачаа од СДСМ во своето обраќање до ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Се надеваме дека наскоро…

СДСМ преку ново соопштение порача дека ги…

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

Прашањето на македонскиот јазик и Планот за…

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат кој е…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека е на…

Мицкоски ја поддржува ама и не ја…

Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД…

СДСМ: По акцијата на САД против Мадуро,…

„САД спроведоа дејствија поради криминални активности со…