Снег на повеќе патишта низ Македонија, забрана за камиони на патот Струга – ГП Ќафасан
Снег паѓа насекаде низ државата. Утрово од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со
нормален тек.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снег на повеќе патишта низ Македонија, забрана…
Снег паѓа насекаде низ државата. Утрово од…
АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по влажни…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Состојба на патишта: Возете внимателно на овие…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Сообраќајот во државата се одвива непречено по…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Патиштата се влажни, без мразови – на…
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива…