Трамп: САД планираат да ја контролираат Венецуела најмалку една година
САД планираат да ја контролираат Венецуела најмалку една година, а веројатно и многу подолго, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“.
На прашањето на новинарите колку долго може да трае таа контрола, Трамп одговори: „Би рекол – многу подолго“, без да прецизира конкретни рокови.
Американскиот претседател рече дека Вашингтон има намера да ја користи венецуелската нафта, да влијае на намалувањето на нејзината цена и во исто време да обезбеди финансиска помош за Каракас. Тој додаде дека обновувањето на нафтениот сектор на Венецуела ќе трае неколку години.
Трамп не сакаше да открие која е директната причина за испраќање американски трупи во Венецуела, но нагласи дека САД имаат добри односи со сегашните власти во таа земја.
„Тие ни даваат сè што сметаме за потребно. Не заборавајте дека ни ја зедоа нафтата пред многу години“, тврдеше американскиот претседател.
Според него, Белата куќа е во постојан контакт со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…