Сообраќајна несреќа кај Петровец, на терен итните служби!

t

Вечерва на автопатот Скопје–Велес, кај Петровец се случи сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, едно патничко возило излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда (банкина).

На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната служба.

Поради интервенцијата и увидот, сообраќајот се одвивал забавено, со краткотрајни застои во движењето на возилата, но истиот не е блокиран односно се пропуштаат возила.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат детали за причините за несреќата и за состојбата на учесниците во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон формира команда за развој на автономни…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет најави…

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја…

Технолошкиот магнат Илон Маск ќе има водечка…

Кражбите на гориво во Германија се во…

Поради високите цени на горивата во Германија,…

Јаневска на првиот академски час на УКИМ:…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…