Направете договор пред да биде премногу доцна, ѝ се закани Трамп на Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Куба, барајќи од властите во Хавана да „направат договор“ или ќе се соочат со последици, велејќи дека протокот на венецуелска нафта и пари за островот веќе е запрен.
Трамп го засили притисокот кон Куба откако американските сили го приведоа венецуелскиот лидер Николас Мадуро во рација во Каракас на 3 јануари. Венецуела, која е долгогодишен сојузник на Куба, на својот партнер му доставуваше околу 35.000 барели нафта дневно.
„Куба со години живееше на големи суми нафта и пари од Венецуела. За возврат, Куба обезбедуваше ‘безбедносни услуги’ за последните двајца венецуелски диктатори, НО НЕ ПОВЕЌЕ! Нема веќе да има нафта или пари за Куба – нула! Силно им препорачувам да направат договор, пред да биде премногу доцна“, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.
Тактиката на администрацијата на Трамп за конфискација на санкционирани венецуелски танкери веќе ја влоши кризата со гориво и електрична енергија во Куба. Минатиот петок беше запленет и петтиот нафтен танкер за кој САД тврдат дека превезувал санкционирана нафта.
Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез одговори дека неговата земја има „апсолутно право да увезува гориво“ без мешање на САД, нагласувајќи дека Куба не подлегнува на „уцени или воена присила“. Претседателот на Куба, пак, кратко порача: „Никој не диктира што работиме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…