Црна Река се излеа во атарите на неколку демирхисарски села

t

Продолжуваат поплавите кои ја погодија Македонија поради обилниот дожд кој наврна изминатиот период.

Вчера Црна Река повторно се излеа во демирхисарските села, претходно беше излезана во селата Бараково и Граиште, а сега се зафатени и други села.

На социјалните мрежи се појави видео од излеаната и надојдена река.

„Денеска Црна Река повторно се излеваше, а состојбата со поплавените површини воопшто не е подобрена. Напротив, стотици хектари земјоделско земјиште во атарите на селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света и понатаму се под вода. Ова значи продолжување на штетите, дополнително уништување на посевите и уште поголема неизвесност за земјоделците кои живеат од својот труд.“ – стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Река се излеа во атарите на…

Продолжуваат поплавите кои ја погодија Македонија поради…

Црна Река се излеа во демирхисарските села…

Црна Река се излеа од своето корито…

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Поради обилни врнежи од дожд и повторно…

Водостоите на реките се стабилни

Центарот за управување со кризи информира дека…

ЦУК: Реката Пчиња се излеа кај Пелинце,…

Центарот за управување со кризи соопшти дека…