Објавено на:

Стевче Алушовски е нов тренер на Еурофарм Пелистер

t

Екипата на Еурофарм Пелистер со познато име го започнува новото поглавје во 2026 година. Стевче Алушовски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на битолскиот клуб и ќе го предводи македонскиот шампион до крајот на тековната сезона.

Искусниот 53-годишен стратег по неколку години повторно се враќа во својот матичен клуб, каде што ја започна и играчката и тренерската кариера. Алушовски и претходно во два наврати беше дел од раководството на клубовите од Битола (Пелистер и Еурофарм Работник), а сега повторно ја презема клупата на Еурофарм Пелистер.

Поранешниот македонски репрезентативец зад себе има богато тренерско искуство, водејќи ги екипите на Вардар 1961 и Охрид во домашниот шампионат, како и кратка меѓународна епизода во Исланд.

Првата прозивка под водство на Алушовски е закажана за в среда, 14 јануари, со почеток во 17:00 часот, кога и официјално ќе започне неговата нова мисија на клупата на битолскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ