Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција обзнани дека Левица поднесува предлог-закон за укинување на Регулаторната комсија за енергетика и префрлање на нејзините ингеренции на Минисстерството за енергетика:
„Во овој период кога струјата сѐ повеќе поскапува, станува појасно дека нашата енергетска сиромаштија ги окупира животите на нашите согрѓани и потребно е веднаш да се реагира во законската материја. Енергетиката не е технократска играчка, туку е основа за нормален и квалитетен живот за граѓаните. Тоа е јавен интерес од највисок ред и денес илјадници семејства живеат во енергетска сиромаштија додека цените на струјата растат. Јавните претпријатија тонат во долгови, а приватните електродистрибутери остваруваат континуирани профити.
Овој систем не е случаен, туку е резултат на политички избори, скриени зад маската на независноста на РКЕ. Т.н. РКЕ со години функционира како штит за интересите на ЕВН и на другите приватни електро-дистрибутери. РКЕ не служи како штит за граѓаните, а невидливото политичко влијание е најопасното политичко влијание. Тоа е влијанието кога никој не одговара, а секогаш плаќаат граѓаните. Затоа, предлагаме укинување на РКЕ и пренесување на ингеренциите на Министерството за енергетика, за конечно да може да се повикаат на политичка одговорност нашите премиери и министри кога нашите сметки растат вртоглаво.
Клучни факти кои ја разобличуваат сегашната состојба, а кои треба да се нагласат, се дека континуирано ЕСМ е во загуба, додека ЕВН остварува огромни профити поради работата на РКЕ.
Јавниот интерес се уништува, струјата постојано поскапува, затоа што ова не е слободен пазар, туку систем за прелевање на јавни пари во приваттни џебови. Јавните претпријатија беа втурнати на слободниот пазар со одлука на РКЕ и наместо стабилност добивме хаос во кои приватните снабдувачи профитираат, а јавните компании се ослабени додека претпијатијата ни тонат во долгови.
РКЕ овозможи ЕВН Хоум да биде универзален снабдувач за нашите домаќинства. РКЕ дозволува паушални фактури без реално отчитување на броилата. Долгот на ЕСМ надминува над 200 милиони евра. И уште низа одлуки на РКЕ одат на штета на граѓаните.
Сликовито, пример, РКЕ воведе мрежарина од 200 денари за сите 600.000 домаќинства во Македонија, тоа значи дека преку оваа мрежарина на месечно ниво ЕВН добива 2.100.000 евра, кои на годишно ниво се претвораат во 25.000.000 евра, што за осум години значи дека, доколку никој во Македонија не запали една сијалица – ЕВН ќе оствари добивка од 200.000.000 евра колку што им требаше да го купат ЕСМ од нас. Ова се поклоните кои РКЕ им ги подарува на ЕВН.
Претходниот претседател на РКЕ, Димитар Попов, којшто беше член на ДПМНЕ (како што Бислимовски беше член на СДСМ) – пред изборот за претседател на РКЕ, Попов бил раководител на ХЕЦ Ѓорче Петров во ЕВН. По завршување на мандатот, тој го искористи правото на апанажа од една и пол година, и потоа повторно беше вработен во ЕВН на менаџерска позиција. Одогорот е очигледен за кого работел Димитар Попов и за кого работи денес Бислимовски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за…
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ,…
Левица: Остануваме единствена партија чии пратеници не…
Остануваме единствена партија чии пратеници не земале…
Левица е за укинување на техничката Влада,…
Левица е за укинување на т.н. Пржинска…
Левица: Комисии за боледување наместо лекување, административна…
Со тешки изгореници, незараснати рани и длабоки…
Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија,…
Податоците на Државниот завод за статистика за…