Драма во хотелот Порин во Загреб: Русинка тепала чувар со дилдо од 30 сантиметри
Двајца странци, 38-годишна Русинка В.А. и 32-годишниот А.С., беа уапсени на Божиќ во Прифатилиштето за меѓународни барачи на азил Порин во Загреб поради нарушување на јавниот ред и мир, пишува Јутарњи лист.
Жената викала на чуварите, ги навредувала и омаловажувала. Потоа извадила од торбата вештачки полов орган со кој ги тепала чуварите. Не застанала тука, таа дивеела и на паркингот, а потоа и кај рецепцијата на азилот, каде со рацете удрела по пултот.
Сè тоа го снимал А.С., барач на азил, со мобилен телефон, и покрај предупредувањето дека снимањето е забрането. Покрај тоа, и тој ги навредувал чуварите. Полицијата ги уапсила двајцата странци, а поради нарушување на јавниот ред и мир ги поминале празниците во полициска станица.
Судот ги казнил со 30 дена условен затвор, со едногодишен рок на проверка. Дополнително, судот нареди полицијата да му го врати мобилниот телефон на уапсениот маж, но на жената трајно ѝ го одзеле вештачкото полово орган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…