(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената во Капиштец сам се фалел со дивеење зад воланот на социјалните мрежи
Саит Саити, осомничен дека ја усмртил 79-годишната Љуба Јаковлеска во сообраќајната несреќа во скопската населба Капиштец, на социјалните мрежи јавно се фалел со брзо и опасно возење, вклучително и со автомобил „фолксваген пасат“, какв што, според МВРуправувал и на денот на трагедијата.
Иако немал возачка дозвола, на неговиот Инстаграм-профил можат да се најдат објави и „сториња“ на кои се гледа како управува возило низ градска средина. Уште поалармантна е објава од 2024 година, кога Саити имал само 17 години, на која е прикажано возење по автопат со брзина од околу 180 километри на час, а на видеото се гледаат само раце и таблата за брзина. Овие снимки оставаат впечаток дека за осомничениот управувањето автомобил без возачка дозвола и со прекумерна брзина не било изолиран инцидент.
Трагичниот настан во Капиштец се случи кога Саити, управувајќи возило без дозвола и со неприспособена брзина, удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која од здобиените повреди подоцна почина. По несреќата, осомничениот не ѝ укажал помош на повредената, туку го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот.
Министерството за внатрешни работи по него распиша централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истрагата утврди дека по несреќата тој со помош на други лица ја напуштил државата, по што беа приведени и осомничени лица за помагање.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за младо лице без возачка дозвола, кое, според достапните докази од социјалните мрежи, подолг период демонстрирало опасно и неодговорно однесување во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената…
Саит Саити, осомничен дека ја усмртил 79-годишната…
Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина од САД…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди документот за…
Руте во Хрватска изјави дека Трамп ги…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…
ЕК: Европската унија може да го заштити…
Европската унија може да го заштити Гренланд…
Британските медиуми тврдат: Во тек се преговори…
Даунинг стрит води разговори со европските сојузници…