Трендафилов: На кого му одговара македонските квалификувни работници да си заминат од Македонија?!

t

На кого му одговара македонските квалификувни работници да си заминат од Македонија, прашува претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во објава на Фејсбук.

– Политиката на ниски плати е многу погрешна, но ако не излезете со нас на протестите, тие мислат дека ја поддржувате !

11.384 работници од Македонија во 2025 година добиле работни дозволи за работа во Хрватска, уште колку заминале во Црна Гора, Словенија, Германија итн., а македонските газди замениле само 8500 од нив со работници од Бангладеш, Непал и Индија ( за кој се сомневам дека останале во Македонија )

Газдите кукаат дека немаат квалификувани работници, Владата смета дека не треба да се зголемуваат платите, а работниците си заминуваат од Македонија, па легитимно е прашањето на кого му одговара македонските квалификувани работници да заминат од Македонија ? – стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…