Вандализирани трактори на двајца земјоделци кои присуствуваа на средбата со Мицотакис

t

Со испишани слогани „Предавници“ и издишани гуми, непознати лица вандализирале трактори паркирани на блокот кај Никеја во близина на Лариса, што се во сопственост на дел од земјоделците кои вчера присуствуваа на состанокот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за два трактори на кои им била нанесена материјална штета.

Останатите земјоделци од конкретниот блок, преку соопштение го осудија инцидентот, со тракторите на како што рекоа „двајца земјоделци кои, по сопствена иницијатива и на сопствена одговорност, учествуваа на средбата со Премиерот“.

Објаснија дека со одлука на координативното тело и на трошок на блокот, штетите биле санирани и сопствениците можат да дојдат да си ги земат тракторите од блокадата.

– Станува збор за намерна постапка чија цел е распад на блокадата во Никеја. Нема да им успее!!!, нагласија земјоделците, објаснувајќи дека побарале видео-материјал од безбедносните камери од автопатот.

За инцидентот реагираше и портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис.

– Вандализмот и насилничките постапки, какви што денеска беа забележани на земјоделските блокади, е срамота да се случуваат на штета на одредени професионалци, само затоа што учествувале на една конструктивна средба со премиерот за решавање на прашањата од нивниот сектор. Ги повикуваме сите политички партии да ги осудат овие опасни и незаконски дејствија, соопшти Маринакис

Претставници на околу 18 блокови од целата земја, односно оние кои уште од минатиот месец се одвоија од останатите земјоделци и побараа дијалог со владата вчера остварија средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак останатите од над 55 блока одбија да се сретнат и денеска на состанок ќе донесат одлуки за следните чекори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…

Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…

Паралелно со геополитичката криза се развива уште…

Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…

Иран се подготвува за поширок и посилен…

Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…

Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…