Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец, па се обидел да избега
На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце. Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник.
С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…
На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско,…
Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…
На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…
Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…
На Инфективната клиника во Скопје почина 75…
Два авиони со млади луѓе еднаш неделно…
Станавме главен и одговорен дистрибутер на човечки…
Никој не е виновен за смртта на…
Судската постапка за трагичната несреќа во рудникот…