Министерството за здравство бара ДСЗИ да изврши инспекциски надзор во болницата во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче

t

Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче.

Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У.М. на возраст од два месеца кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.

СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца.

-Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство бара ДСЗИ да изврши…

Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот…

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи…

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…

Д-р Кузмановски ќе треба да плати од…

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, проф.…

Владата планира да набави 100 амбулантни возила…

Директорот на Службата за општи и заеднички…