Муцунски за Гренланд: Разговараме за тоа во НАТО
Тензиите околу статусот на Гренланд продолжуваат да се продлабочуваат, откако не беше постигнат никаков напредок по едночасовната средба меѓу претставници на САД, Данска и Гренланд. Само еден ден по разговорите, неколку европски држави најавија испраќање војници на најголемиот остров во светот во рамки на операцијата наречена „Арктичка издржливост“.
На покана на Копенхаген, Германија, Шведска, Франција и Норвешка ќе испратат свои воени контингенти кои, според официјалните информации, ќе учествуваат во истражувачка и безбедносна мисија на Гренланд. Засиленото европско присуство доаѓа во чувствителен момент, кога Вашингтон сè поотворено го истакнува својот интерес за островот поради неговото стратешко и безбедносно значење.
Американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот повтори дека Гренланд е клучен за националната безбедност на САД, предупредувајќи дека во спротивно Русија и Кина би можеле да го зголемат своето влијание во регионот. Тој оцени дека Данска нема капацитет сама да го заштити островот, додека САД, како што рече, имаат можност да го сторат тоа.
И покрај оценките дека разговорите биле отворени и искрени, Данска и Гренланд јасно ставија до знаење дека нивните позиции остануваат непроменети. Данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен изјави дека и покрај конструктивниот тон, постојат суштински разлики во пристапот кон иднината на Гренланд. Слична порака упати и шефицата на дипломатијата на Гренланд, Вивиан Моцфелд, која нагласи дека соработката со САД е важна, но дека тоа не значи откажување од сопствената автономија и право на одлучување.
За состојбата се огласи и министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, кој изјави дека темата веќе се разгледува и во рамки на НАТО. Тој изрази надеж дека ќе се најде рационално решение кое ќе биде во согласност со меѓународното јавно право.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски за Гренланд: Разговараме за тоа во…
Тензиите околу статусот на Гренланд продолжуваат да…
Жерновски: Мицкоски најде „стратегија“ како да ги…
Поранешниот висок функционер Андреј Жерновски преку социјалните…
Макрон: Франција има потреба од систем како…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на…
Трамп се заканува дека ќе го употреби…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека…
САД му дадоа уште 45 дена на…
Американското Министерство за финансии преку Канцеларијата за…