Претресите од акцијата на ОЈО ГОКК сè уште траат, деталите за криминалот со даночно затајување ќе бидат соопштени утре

t

Претресите во рамките на акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) насочена кон лица кои, меѓу другото, се осомничени за даночно измама и даночно затајување од поголеми размери, сè уште се во тек.

Поради ова, како што доцна вечерва информираа од Обвинителството, деталите за акцијата ќе бидат соопштени утре.

Претходно попладнево од ОЈО ГОКК информираа дека нивните истражители заедно со полициски службеници вршат претреси на повеќе локации низ државата.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации во државата“, рекоа до Обвинителството.

Како што наведоа оттаму, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, објавија дека меѓу приведените се и вработени во Управата за јавни приходи (УЈП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје изречени казни од над 80.000…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…

Русија со рекордни 2,75 милијарди долари од…

Вредноста на рускиот поморски извоз на сурова…

Eве што се ќе дадат Бугарите за…

Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија…

(Фото) Израел го третира како терористички напад?!…

Драматични тврдења за насилството во авионот на…

Мега-измама со социјална помош во Британија: Бугарката…

Бугарка која учествувала во најголемата измама со…