„Стоп за Усје“ повторно на блокада: „Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден“

t

Граѓанската иницијатива Стоп за Усје повторно излегува на улица, алармирајќи дека воздухот што го дишат граѓаните станува сè поопасен по здравјето и животот. По првата граѓанска блокада одржана на 26 декември 2025 година, нивните барања биле доставени до сите надлежни институции, но, како што велат од иницијативата, досега не добиле никаков одговор, ниту пак биле повикани на разговор.

„Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам“, порачуваат од иницијативата, упатувајќи јавен повик за нова мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет „Усје“.

Од „Стоп за Усје“ нагласуваат дека компанијата сè уште одбива да постави мерни станици кои граѓаните би можеле самостојно да ги следат 24/7, поради што не веруваат на официјалните тврдења дека фабриката не загадува. Според нив, блокадата произлегува од итното барање „Здравјето пред профитот“, особено поради ризиците за здравјето на децата и локалното население.

Блокадата ќе се одржи на 21 јануари 2026 (среда) во 18:00 часот на раскрсница на бул. „Борис Трајковски“ и бул. „Србија“ (правец кон Усје).

Иницијативата ги повикува медиумите да дадат простор на гласот на граѓаните кои, како што велат, се борат за едно од најосновните човекови права – правото на чист воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…

Претставници на Студентската листа, која победи на…

Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…

Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…