Мицкоски: Во деновите кои следат ќе има добри и пријатни вести од САД
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на реконструираната спортска сала во Кратово, одговори на новинарско прашање во врска со блокадата на САД за издавање на визи за 75 држави, меѓу кои е и Македонија.
– Министерството за надворешни работи веќе излезе со свој коментар. Станува збор за блокада на имигрантските визи, но тоа не важи и за визи наменети за туристички посети, студентски престој и слично, изјави тој.
Мицкоски најави дека во деновите што следат очекува да пристигнат добри и пријатни вести во однос со визите, вклучително и со нашиот најголем стратешки партнер, Соединетите Американски Држави.
– Јас жалам што опозицијата после жестоките критики кон Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД. Ќе ве потсетам дека не така одамна, кога беа наметнати трговски тарифи од 33% од страна на САД, oпозицијата поитаа да го нападнат нашиот стратешки партнер, иако таа ставка се нивелираше на 15%. Затоа и би останал трпелив, потенцираше Премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…