Од вторник започнува тестирањето на камерите на „Сејф сити“
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор.
Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.
Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.
Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од вторник започнува тестирањето на камерите на…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
Од денес стартува „Сејф сити“, прво опомени,…
Од денеска стартува системот „Сејф сити“ во…
Камерите ќе „ловат“ несовесни возачи од 1…
Собранието ги изгласа измените на Законот за…
Казни од камерите на „Сејф сити“ се…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се…
Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…
Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…