Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

t

Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска важност да добијат социјална пензија или надоместок за туѓа нега се одбивани. – се вели во соопштение на партијата Левица.

Според досега изнесените податоци неколку вработени во Центарот, меѓу кои и еден раководител, исплаќале социјални пензии, туѓа нега и други социјални надоместоци и тоа ретроактивно, на лица кои НЕ ИСПОЛНУВАЛЕ услови за тоа, со што го оштетиле Буџетот за неколку стотици илјади евра.

Дополнително загрижува фактот што, и покрај тоа што Јавното обвинителство покренало постапка против овие лица, по признание на вина за несовесно работење во службата, тие биле задолжени да платат по 18.000 денари, по што продолжиле со работа во Центарот за социјални работи во Тетово. Ова испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици.

Јавно прашуваме зошто Министерството за социјална политика и министерот Лимани молчат за овој скандал? Исто така, прашуваме како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот? Кого штити Министерството и дали Владата на ДПМНЕ воопшто знае на кои и на колку лица неосновано им биле испраќани социјални надоместоци, прашуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Сојуз на борци од Тетово: Не смее…

Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…

139 деца на педијатрија за 48 часа…

Високите температури кои преовладуваат во последните денови…

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…