Фон дер Лајен: Воведувањето царини ќе ги поткопа трансатлантските односи
Воведувањето царини би ги поткопало трансатлантските односи и би ризикувало опасна негативна спирала, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во писмена изјава со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, таа потенцира дека Европа ќе остане единствена, координирана и посветена на почитување на својот суверенитет. Реакцијата следува по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини кон осум европски држави поради Гренланд.
„Територијалниот интегритет и суверенитет се основни принципи на меѓународното право. Тие се од суштинско значење за Европа и за меѓународната заедница во целина. Конзистентно ја нагласувавме нашата заедничка трансатлантска заинтересираност за мир и безбедност во Арктикот, вклучително и преку НАТО. Претходно координираната данска вежба, спроведена заедно со сојузниците, одговара на потребата за зајакнување на безбедноста во Арктикот и не претставува закана за никого“, се наведува во објавата.
ЕУ изразува целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд, потенцира фон дер Лајен.
„Дијалогот останува од суштинско значење и посветени сме на градење на процесот што веќе започна минатата недела помеѓу Кралството Данска и САД“, посочува таа.
На објавата на Трамп за воведување царини реагираа европските лидери. Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и шведскиот премиер Улф Кристерсон ги осудија заканите на американскиот претседател како погрешни и неприфатливи.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе воведат царини од 10 проценти за осум европски земји кои се спротивставуваат на неговата намера за преземање на контролата врз Гренланд. Во објава на социјалната мрежа Трут соушал, тој соопшти дека мерката стапува во сила од 1 февруари.
Царините ќе се зголемат на 25 проценти од 1 јуни и ќе продолжат да важат се додека не се постигне договор за Гренланд.
Според најавите на Трамп, царините се воведуваат за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска.
Territorial integrity and sovereignty are fundamental principles of international law.
They are essential for Europe and for the international community as a whole.
We have consistently underlined our shared transatlantic interest in peace and security in the Arctic, including…
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) January 17, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…
Два сребрени и еден бронзен медал за…
Борачите ги донесоа првите (три медали) за…