Лишени од слобода две лица од Марена, превезувале огревни дрва без документи
Лишени од слобода биле две лица од кавадаречко Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи.
Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни – работи Велес, вчера попладне во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци лишиле од слобода две лица од кавадаречкото село Марена.
При извршување службени задачи во селото Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, што го управувало едното лице, а другото било сопатник. Притоа, пронајдени и одземени биле огревни дрва без соодветна документација и без жиг.
– Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР – Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода две лица од Марена,…
Лишени од слобода биле две лица од…
Приведени две лица од Дебар поради предизвикување…
Приведени две лица во Дебар поради предизвикување…
Приведени двајца дилери на кокаин од Прилеп…
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија,…
“Голема акција” на МВР: Пронајдени три запрежни…
На 03.10.2022 полициски службеници од Одделението за…
Шокантно: Македонци главна тема на насловните во…
Двајца сопружници Македонци, сопственици на позната земјоделска…