(Видео) Познато по кого трага полицијата во Батинци: Лицето е убиец баран по потерница!
Инфомакс неофицијално дознава дека во големата полициски акција во Батинци се трага по Муса Џавит кој пред 6 месеци уби војник на АРМ во скопско село
Во време на сторување на ова кривично дело тој веќе една година се барал со меѓународна потерница за друго убиство
Бегалецот Муса Џавит со дебело криминално досие за една година смртно застрелал две лица. Убиствата ги извршил 2024 и 2025 среде бел во скопско Батинци.
Последното убиство ја потресе јавноста кога минатото ледо пред влезот на Батинци со два куршуми го уби 50 годишниот офицер на АРМ. Пукал пред очите на неговота ќерка додека се движеле со возило.
Џавит до јуни 2024 година издржувал само една затворска казна за нелегално поседување оружје. Но само едно месец откако бил пуштен го извршил првото убиство.
Како што претходно објави Инфомакс доцна вечерва во патинци се одвива големата полициска акција во Батинци.
Од МВР накусо посочија дека се работи за акција по добиена информација дека во објектот се наоѓа лице барано по потерница барано за тешки кривични дела.
-По претходно добиена информација, надлежни полициски служби при МВР денеска делуваа на подрачјето на Скопје, со цел лишување од слобода на лице, по кое е распишана национална и меѓународна потерница за тешки кривични дела. Активностите продолжуваат на терен со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лицето од висок интерес, велат од МВР.
.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Познато по кого трага полицијата во…
Инфомакс неофицијално дознава дека во големата полициски…
Лазаров: Не знам дали можам да кажам…
Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29…
Со увозот на 10 000 странци, Владата…
Одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски…
(Видео) Голема полициска акција во Батинци доцна…
До редакцијата на Инфомакс простигнаа снимки од…
Шокантен план од Вашингтон: Трамп создава свои…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да формира…