Ина Многуфина со коментар за соѕиданите пари на судијата: Можеби луѓето си правеле звучна изолација од типот “не те слушам од париве”
Вчера како бомба одекна веста за откако при извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на осомничениот судија за примање на поткуп, во соѕидан простор во ѕидот, биле пронајдени 350.000 евра.
На социјалните мрежи има многу реакции на оваа вест – дел од граѓаните се гневни и велат дека воопшто да не ги чудело судиите зошто имале толкава ниска доверба, други пак со иронични и саркастични коментари си фаќаа сеир.
Меѓу оние кои реагираа беше и познатата инфлуенсерка Ина Многуфина. Таа на краток и саркастичен начин даде коментар за веста.
„Ама 350 000 евра заѕидани кај на судијата родителите не мора да значи дека се поткуп, можеби луѓето си правеле изолација. Звучна, од типот “не те слушам од париве” тип на изолација“, напиша Ина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ина Многуфина со коментар за соѕиданите пари…
Вчера како бомба одекна веста за откако…
Ограбен објект на финансиско друштво во Центар,…
Во раните утрински часови е извршена кражба…
Погубен е екс директор поради примање мито
Во Кина поранешен извршен директор на компанијата…
Детали за акцијата на ОЈО ГОКК: Неофицијално…
Во акција на Министерството за внатрешни работи…
Седум општини ќе добијат пари од Швајцарија…
7,5 милиони швајцарски франци ќе бидат распределени…