Објавено на:

Рама: Албанија нема да плати милијарда евра за влез во Одборот за мир во Газа

t

Албанскиот премиерот Еди Рама денеска на Х реагираше околу информациите во дел на медиумите и социјалните мрежи во врска со Одборот за мир на Трамп за Појасот Газа, оценувајќи ги како неточни и водени од политички цели.

„Некои тврдења и во медиумите дека Албанија ќе плати милијарда евра за влез во Одборот за мир во Газа, се лага. Денешна Албанија е меѓународно почитувана земја а мојата посветеност е фокусирана на довербата што ни ја дадоа албанските граѓани и почитта на светската сцена, наведува Рама.

Тој го завршува со метафората: „Колку повеќе лаат кучињата, толку подалеку се движи караванот“.

Претходно тој на својот Фејсбук профил го објави текстот на писмото што го добил од претседателот на САД, Доналд Трамп, кој лично го поканил да ја претставува Албанија во Одборот за мир за Појасот Газа.

Рама нагласи дека се заблагодарува за привилегијата и довербата што му ја дал и порачува дека ќе направи сè што е потребно за да го возвиши името на Албанија и достоинството на Албанците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…

Во пукање на главниот плоштад во Краков,…

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…

На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…

На 8 ноември 1906 година, во штипско…

Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…

Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…